Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
Вицепремиерот за економски прашања,Фатмир Битиќи, во утринската емисија на „Слободен печат“ рече дека во програмата на СДСМ за парламентарните избори ќе има понуда за седум часа работно време дневно во одредени сектори.
- Анализите се при крај и треба да бидат завршени. Ќе воспоставиме работна недела од седум часа дневно. Или наместо 40 часа работна недела – ќе биде 35 часа во одредени сектори, рече Битиќи.
- Ова се прави од низа причини – поради квалитетот на живот и слободно време за семејството. И во 2020 не ни веруваа дека недела ќе биде неработен ден, а сега никој не зборува за тоа,бидејќи прифатено е како нормално, наведе тој.
Битиќи рече дека ова работно време прво ќе важи за три сектори, без да ги спомене кои, но додаде дека тоа работно време во овие дејности веќе е воведено во некои земји во ЕУ.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија