Македонија
24. September 2022 - 16:54

Битиќи: БЕГ ќе испорачува парно додека се превземе од нов оператор, следната недела ќе се знае цената за струјата за стопанството

Следната недела ќе биде клучна за тоа по која цена и од кои држави ќе се набавува струја за стопанството. Вицепремиерот за економски прашања одбива да каже конкретни бројки, но вели дека се што е под берзнтската цена е евтино. Според Битиќи ова сепак се времиња на преживување, па ќе гледаат како Влада да изнајдат начин да обезбедат струја за бизнисот.

Битиќи уверува дека скопјани нема да останат без парно, иако биле оставени на цедило од страна на Град Скопје. БЕГ е дожен да обезбеди топлинска енергија се дури не се избере нов економски оператор, а согласно закон мора да има резерви на гас, вели вице премиерот

За топланите на АДОРА инжењеринг кои компанијата одбива да ги даде на закуп, односно инистира на нивна продажба, Битиќи вели дека постапката налага закуп пред евентуално купување на топланите.

За се поскапите цени во маркетите, Владата смета дека нема простор да се вмеша во проблемот со креирање на пазарни цени, особено за млекото кое се откупува од производителите за 22 денари, а се продава по цена која достигнува до 100 денари. Вицепремиерот за економски прашања побара од преработувачката индустрија да не профитира во ек на криза.

Со оглед на тоа што цената на производите директно зависи од цената на струјата, Владата се надева дека ќе постигнат договор за набавка на струја со Бугарија, Турција и Србија во наредниот период.