Македонија
20. јуни 2022 - 12:15

Бислимовски: Експертите за Ковид станаа експерти за енергетика и цени на светски берзи

Она што треба да го знаете како факт е дека вредноста на доларот отиде над 59 денари и такви квази експерти коишто кажуваат колку била цената на нафтата пред пет, шест, седум или осум години ја кажуваат само таа работа, но не кажуваат дека тогаш доларот бил 40 денари, ова го кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Билимовски при одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција.

- Експертиве што беа за Ковид сега станаа експерти и за енергетика и за цени на светски берзи и се обидуваат да протнат за еднодневна, за краткорочна употреба лажни вести се со цел да предизвикаат одредено внимание, додаде Бислимовски.

Бислимовски им посочи на „експертите“ дека Регулаторна комисија за енергетика ги презема податоците од медитеранската берза како и земјите од регионот за секој дериват посебно.