Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО
Во новиот извештај на Сојузната разузнавачка служба на Германија (БНД) и Бундесверот се наведува дека руските власти најверојатно се спремаат за сеопфатна војна против НАТО. Во извештајот се наведува дека Кремљ ги доживува односите со Западот како системски конфликт и е подготвен да употреби сила за постигање на своите цели.
Според германската разузнавачка служба, до крајот на оваа деценија Русија може да биде целосно подготвена за „широкораспространета конвенционална војна“. Сепак, според проценките на литванската разузнавачка служба ВСД, Москва засега не е способна да го нападне целиот сојуз, но може да го „тестира НАТО“ со ограничена воена операција против една или неколку земји членки, за да утврди дали воената алијанса ги сфаќа своите обврски сериозно.
Во извештајот се потенцира дека и покрај фокусираноста на руските трупи во Украина, руските воздухопловни и поморски сили остануваат борбено способни. Доколку војната во Украина заврши, руските единици можат брзо да се префрлат на границите со балтичките земји. Во документот се наведува и дека „руските загуби се надоместуваат“, а одбранбената индустрија на земјата произведува повеќе отколку што е потребно за актуелниот конфликт.
Воените трошоци на Русија растат со рекордно темпо – во 2025 година тие ќе достигнат околу 120 милијарди евра, што претставува повеќе од 6 отсто од БДП на земјата. Во споредба со 2021 година, воениот буџет е фактички зголемен четирикратно. Според плановите на Кремљ, бројот на војници треба да порасне до 1,5 милиони, додека количината на оружје и техника на границата со НАТО да се зголеми за 30 до 50 отсто.
Ново на Сител
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина