„Билд“: Можен терористички напад врз водоовод во Германија
Исламистите можат да изведат терористички напади со хемиски средства врз инсталации за вода за пиење во Германија заради што германските воени и безбедносни сили се наоѓаат во состојба на подготвеност, предупредува германската Влада.
Во извештајот на Владата во Берлин под наслов „Анализа на ризикот во заштитата на населението“, се вели дека исламистите се во можност да „набават поголемо количество хемикалии и да ги употребат“, објави германскиот весник „Билд“.
Хемиски напад врз инсталации за вода за пиење би била „реална опција“ во случај на семејни куќи, наведува весникот, додека „голем потенцијал за ризик“ постои и кога станува збор за објекти или транспорт во хемиската индустрија, пренесуваат француските медиуми.
Германската Влада во извештајот детално ги опишува опасностите што му се закануваат на населението од напади со хемикалии и како германските безбедносни служби, болници и спасувачки служби треба да се подготват за тоа.
„Некоја одлучна терористичка група со доволно стручно знаење секако може да биде во состојба потенцијално опасниот хемиски материјал што веќе постои во Германија да го употреби во рамки на напад за свои цели“, ја цитира „Билд“ анализата на германската Влада.
Во совладувањето на последиците од нападот можеби ќе биде неопходно Бундесверот да се вклучи „повеќе отколку досега“, наведува владата и додава дека германската војска за тоа се подготвува „повеќе отколку кога било досега“. сд/14:32
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово