Билатерален состанок на Вељаноски на маргините на Парламентарниот состанок на ЦЕИ
На маргините на Парламентарниот состанок на земји од Централно-Источна Европа што се одржа во Варшава, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски оствари повеќе билатерални средби со претседатели на парламенти кои учествуваа на состанокот.
Вељаноски остварил средба со претседателот на Сенатот на Република Полска Станислав Каржевски при што ја поздравил оваа инцијатива за одржување на состанок на ниво на претседатели на парламенти од Централна и Источна Европа.
За време на средбата, како што соопшти кабинетот на Вељаноски, соговорниците разговарале за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија, но и Европа во целина.
- Домаќинот, Станислав Каржевски истакна дека набљудувајќи ги промените кои што се случуваат во Европската Унија, пред се одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, миграциската криза и терористичките напади, војните во Украина и Сирија, ја наметнаа потребата од разговор помеѓу државите членки на Унијата и земјите кои претендираат за влез во Унијата. Република Полска смета дека Европската Унија треба да се развива како организација на суверени земји кои солидарно ќе соработуваат и ќе се поддржуваат. Домаќинот информираше дека темата и датумот на одржување на овој состанок се избрани по повод 36-годишнината од формирањето на здружението Солидарност, здружение кое го победи комунизмот и ја поведе Полска кон демократија, се вели во соопштението.
Претседателот на полскиот Сенат изразил сочуство за жртвите од катастрофалните поплави што го зафатија Скопје на 6 август оваа година.
Вељаноски истакнал дека Република Македонија особено го цени принципиелниот став на Република Полска кон политиката на отворени врати за проширување на Европската Унија. Став кој во еден глас го зборуваат и останатите држави кои припаѓаат на Вишеградската група.
Освен со претседателот на Сенатот на Република Полска, Вељаноски остварил средба и со претседателот на Сејмот на Република Полска Марек Кухчињски.
За време на средбата со претседателите на парламентите од Централна и Источна Европа, тој истакнал дека Европската Унија поминува низ најголемата криза досега и притоа снемува самодоверба во справувањето со неа. - Потребно е да се изнајдат решенија коишто ќе донесат преродба на принципите врз кои се темели Унијата, принципи кои во последно време се ставени под знак прашалник. Освен тоа, тој сугерира концепт на соработка на еднакви со еднаквите, слободни со слободните солидарни држави, истакнал Вељаноски.
За време на средбата со претседателот на Собранието на Црна Гора Дарко Пајовиќ, се разговарало за актуелната состојба во двете земји. Тој го запознал Вељаноски со политичката ситуација во Црна Гора, при што го истакнал претстојното одржување парламентарни избори и моделот на подготовка и нивни спроведување.
Двајцата соговорници се согласиле дека има простор за интензивирање на односите на двете земји како на парламентарен, така и на економски план. Вељаноски го запознал својот црногорски колега за актуелните случувања во Македонија и упатил отворена покана за посета на висока парламентарна делегација од Црна Гора на Собранието на Република Македонија.
На маргините на Состанокот, претседателот на македонското Собрание остварил средба со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Исмаил Караман. Претседателот на турскиот Парламент изразил сочувство за жртвите од поплавите кои го зафатија скопскот регион и посакал брзо опоравување на повредените и санирање на штетите.
Претседателот Вељаноски се заблагодарил за помоштта во сите форми што пријателска Турција ја пружила на Македонија. На средбата, соговорниците разговарале за актуелните политички случувања во двете земји, при што било истакнато дека и двете земји даваат заемна поддршка на демократски избраните власти. Турскиот претседател на Парламентот упатил отворена покана до својот македонски колега за официјална посета на Република Турција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица