Билансот на загинати во свлечиште во Колумбија порасна на 254 лица
Најмалку 254 лица, меѓу кои и 54 деца загинаа при големото лизгање на земјиштето во градот Мокоа во провинцијата Путумајо во југозападниот дел на Колумбија, соопшти синоќа колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос.
- Ме информираа дека бројот на загинати порасна на 254 лица, објави Сантос на својот налог на Твитер, додавајќи дека овој билнас „за жал не е конечен“.
Тој изрази сочуство до семејствата на загинатите и најави дека за помош на жителите на настраданите региони државата ќе издвои 1,2 милијарди долари.
Според поседните податоци на Црвениот Крст на Колумбија при свлечиштето се повредени повеќе од 200 лица, а над 170 се уште се водат како исчезнати.
Колумбиската Национална агенција за управување со кризни состојби вчера информира дека лизгањето на земјиштето е последица на долготрајните и обилни врнежи од дожд, кои предизвикале зголемување на нивото на водите на реката Мокоа и три нејзини притоки, при што силните водени текови ги разурнале бреговите и се излиле кон градот Мокоа предизвикувајќи свлечиште од земја и кал.
Владата во Богота прогласи вонредна состојба, а над 1.100 војници се итно испратени во погодениот реон да помогнат во спасувањето на луѓето и во санирањето на последиците од големата катастрофа.
Според директорот на Црвениот Крст, Сесар Урења, 17 населби во Мокоа, кој се наоѓа во близина на границата со Еквадор, се покриени со водата, додека под калта во моќното свлечиште се затрупани 25 станбени згради во кои живееле околу 300 семејства.
Големото невреме и лизгањето на земјиштето предизвика целосно уништување на неколку мостови, како и 80 отсто од локалните патишта, што дополнително ја отежнува ситуацијата.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски