Македонија
29. December 2021 - 17:27

Бил пријавен за исчезнат, го нашле мртов во неговата викенд куќа

На 28.12.2021 околу 18.00 часот во нас.Лавачи во неговата викенд куќа бил пронајден починат Љ.Д.(63) од Скопје, за кој во 13.50 часот било пријавено дека се оддалечил од домот, велат од МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.