-->
-->
Бијонсе роди близнаци
-->
Познатата американска пејачка Бијонсе роди близнаци, јавија светски медиуми.
Засега не се познати имињата на децата и полот, а нема потврда за вест ниту од претставници на пејачката.
Списанието „Пипл“ објави дека пејачката и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи се пресреќни и веќе почнале да им ја кажуваат веста на своите роднини и најблиски пријатели. Тие веќе ја имаат пет годишната ќерка Блу Ајви.
Во февруари Бијонсе објави фотографија на Инстаграм" на која се гледаше дека е бремена. Тогаш таа соопшти дека очекува близнаци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично
-
Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед
-
Македонските ракометарки поразени од Полска во првиот меч од баражот за пласман на СП 2025
-
ПСЖ и Барселона остварија домашни победи во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите
-
ДУИ: Назначувањето на Богојески за директор е провокација за Албанците во Северна Македонија
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК