БиХ наскоро ќе поднесе барање за членство во ЕУ
Босна и Херцеговина планира да поднесе барање за полноправно членство во Европската унија кон почетокот на 2016 година, беше соопштено на состанокот на членовите на Претседателството на БиХ со високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко.
Членовите на Претседателството го повторија ставот дека Претседателството е усогласено во носењето на одлуката која е од интерес за напредокот на БиХ и за исполнување на условите за предавање на барањето за членство во Унијата.
На средбата доминирале теми врзани за политичко-економската ситуација во земјата, а разменети се и мислења за активностите за исполнување на условите за интеграција на БиХ во ЕУ и НАТО, пренесува Фена.
Констатирано е дека постои јасно определување на Претседателството на БиХ да се работи на унапредување на политичко-економската ситуација во земјата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција