„Биди мој херој“ - едукативен настан за поголема грижа кон домашните миленици
Под мотото „Биди мој херој“ денеска во паркот „Тоше Проески“, општина Аеродром, се одржа едукативен настан за најмалите со цел поголема одговорност кон домашните миленици.
Настанот го организираше Агенцијата за храна и ветеринарсто (АХВ), а е дел од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) која се спроведува во сите земји од регионот, Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и Црна Гора.
- Во овој момент настанот се одржува и во останатите републики од поранешна Југославија. Се проследува истата порака до сите граѓани, љубители на домашни миленици, за одговорно сопствеништво, а тоа значи, сите љубители на миленици да се грижат за своите животни, за нивната благосостојба и да не ги напуштаат зашто на тој начин се зголемува бројот особено на кучињата скитници кои потоа можат и да им наштетат на луѓето, изјави Поповски.
На настанот беа присутни најмногу деца од предшколска возраст кои, како што истакна Поповски, се и најголемите љубители на домашни миленичиња.
- Токму на овие деца, уште од мали нозе, можеме да им ја пренесеме пораката, да бидат херои на домашните миленици, да ги сакаат и да се грижат за нив во текот на целиот живот, посочи директорот на АХВ.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат