Иако „совршено“ црвена јуница се смета за аномалија многумина во Израел безуспешно се обидувале да ја одгледуваат.
Совршената јуница мора да биде со црвена боја, влакното да и биде целосно рамно и не смее да има повеќе од три бели или црни влакна на телото. Институтот на 28. август на ЈуТјуб објави видео и објави дека „совршена црвена јуница е родена во Израел“.
Таа ги помина строгите тестови за да се потврди дали ги задоволува сите критериуми од Библијата. Таа ќе биде под будното око на стручњаците кои ќе го следат нејзиниот раст и евентуалните промени кои би можеле да се случат.