Свет
18. September 2018 - 9:18

Библиски потоп во Америка по ураганот, загинаа 32 лица: Најлошите поплави допрва доаѓаат, следува ново уништување

Бурата Флоренс иако ослабена, и натаму предизвикува огромна штета во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина додека се движи покрај американскиот источен брег кон Вирџинија и Нова Англија.

Бројот на жртвите порасна на најмалку 32, од кои 25 загинаа во Северна Каролина.

Метеоролозите истакнуваат дека поради историскиот раст на нивото на реките, најлошото допрва ќе дојде и предупредуваат на опасни поплави, свлечишта и излевање на реките во наредните денови.

 
 
Во меѓувреме, Флоренс ослаби во циклон кој сепак со себе носи обилни врнежи и силни ветрови, пренесува АП.
 
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, рече дека ова е „историска бура“ и инатаму е опасна, поради големиот раст на нивото на реките.
 

„Во одредени подрачја допрва ќе престојат најлоши поплави. Ова е огромна катастроа за нашата сојузна држава„, рече Купер на конференцијата за новинари.

Флоренс исфрли големо количество дожд врз делови од југоистокот на САД, додека споро се движи кон средниот Атлантик.

Во одредени делови од Северна Каролина падна и до метар ипол дожд, додека половина метар врнежи се регистрирани во пошироката област.

Метеоролозите очекуваат дека ќе паднат дополнителни 5 до 12 сантиметри дожд додека бурата се движеи од двете Каролина кон јужниот дел на Нова Англија во наредните денови, јави Гласот на Америка.

Целиот тој дожд предизвикува реките и потоците да надојдат и создаваат она што според Националниот центар за урагани се наредува „со продолжени значително поплавување на реките“.

Околу 1.200 патишта се непроодни, а над 500.000 домови и натаму се без струја.

Администраторот на Федералната агенција за вонредни ситуации, Брук Лонг, рече за Фокс Њуз во неделата дека „ова ќе биде долг, фрустрирачки настан“ за оние кои ги изгубија своите домови или ќе бидат соочени со сериозна штета кога ќе можат да се вратат.

Наведе дека бурата ќе продолжи да „произведува сериозен дожд“, загрозуваќи ги градовите и населбите на својот пат.

Еден од најтешко погодените градови во Северна Каролина беше Њу Берн, град на брегот на река недалеку од океанот. Градоначалникот Дана Аутлов реќе дека во градот, погоден со три метри високи бранови во пикот на бурата во петокот, има 4.200 оштетени куќи.

Ширум Северна Каролина, 14.000 луѓе се во засолништа, додека се спасени околу 900 лица.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе го посети регионот погоден од поплавите во наредните денови, но дури кога ќе се увери дека неговото доаѓање нема да ја попречи работата на спасувачите и напорите за обнова.