Бибер: Изненадувачки е агресивниот тон на Белград кон Скопје
Повлекувањето на српските дипломати и агресивниот тон на српските медиуми кон македонската Влада е изненадувачки, иако настапот на Владата и на таблоидите со месеци беше агресивно насочен против новата македонска Влада, оценува во изјава за МИА, Флориан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац, Австрија.
- Овој потег навестува дека Србија не е многу заинтересирана да има добри дипломатски односи со своите соседи и покажува колку се празни нејзините тврдења дека има про-европска, реформска Влада. Српската Влада се плаши од новиот „македонски модел“ и се поврза со претходната македонска Влада. Со овие чекори, за жал, Србија не се однесува како регионален лидер во реформите, како што сака да се претстави, туку како бик во продавница за порцелан, наведува Флорин Бибер на прашање на МИА за последните случувања во релациите меѓу Белград и Скопје.
Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје, првично без образложение на причините. Ден подоцна, вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, објавија дека дипломатите и вработените во амбасадата во Скопје биле повлечени поради „офанзивна разузнавачка активност против институциите на Србија“.
Ново на Сител
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги