Би-Би-Си: ОН одлучиле во корист на Асанж
ОН ќе побараат ослободување на основачот на Виликикс, Џулијан Асанж, откако панелот на ОН на расправата за неговиот притвор, донел одлука во негова корист, јави денеска Би-Би-Си.
Би-Би-Си наведува дека ОН таа одлука ќе ја објават утре.
Претходно Асанж, кој повеќе од три години е во еквадорската амбасада, изјави дека утре ќе и се предаде на британската полиција, ако комисијата на ОН пресуди дека не е нелегално притворен.
- Ако ОН утре објават дека сум го изгубил случајот против Велика Британија и Шведска, ќе излезам на пладне од амбасадата и ќе прифатам да ме уапси британската полиција, бидејќи нема изгледи за натамошни жалби кои би имале смисла, наведе Асанж во соопштение.
Асанж истакна дека, меѓутоа, ако биде поинаква одлуката, очекува веднаш да му се врати пасошот и „да се запрат обидите за апсење“.
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026