Би-Би-Си: Алиоски во идеалниот тим од групната фаза на ЕУРО2020
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство.
Левиот бек на македонската репрезентација доби втора највисока оценка (8,19) зад играчот за врска на Белгија, Кевин Де Брујне (8,36).
Во идеалниот состав во избор на читателите на Би-Би-Си се најдоа и Каспер Шмајхел од Данска, Леонардо Спинацола од Италија, Симон Кјаер од Данска, Матеуш Клих од Полска, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Чиро Имобиле од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Александер Исак од Шведска.
Алиоски беше стрелец на еден од двата гола, кои македонската репрезентација ги постигна на својот дебитантски настап на ЕУРО2020.
Ново на Сител
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел