БГНЕС: Околу 15.000 Македонци со помош од Бугарија вратени за време на пандемијата
Вкупно 15.237 Македонци се вратени во нивната татковина за време на епидемијата од коронавирусот благодарение на деноноќните напори на бугарската дипломатија, јави БГНЕС.
Оваа бројка, како што се наведува во текстот, се однесува заклучно со 5 јуни и таа со сигурност е зголемена за уште околу илјада лица, бидејќи секој ден низ Бугарија поминуваат меѓу 250 и 350 Македонци.
-Се започна ноќта на 14 март кога светот „се затвори“ и илјадници Македонци останаа блокирани по аеродромите, на станиците и на граничните премини во Азија, Блискиот Исток, Европа и Северна Америка. До 15 април само за еден месец, благодарение на нашите дипломатски мисии во светот и најмногу на оние во Европа само преку аеродромот во Софија се прибрани 7.523 Македонци, изјави дипломат од македонското МНР за агенцијата.
-Имаше случаи кога сме ѕвонеле на бугарски конзули во 4 часот изутрина, многу непристојно, но требаше да прибереме стотици „заглавени сонародници“ по границите, раскажува за дипломатот за БГНЕС.
Дипломатот, кој не сакаше да го соопшти името, подвлекува дека „меѓу спасените“ биле и ќерка на актуелен македонски министер, блиски на пратеници од опозицијата, но и на познати јавни личности.
Бугарската гранична полиција, додава агенцијата, заедно со здравствените власти без каков било компромис ги почитуваа безбедносните мерки, а бугарското МНР помага за поврзување со транспортната компанија која ги превезува Македонците до граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството