Македонија
3. May 2021 - 11:56

Безживотно тело на жена пронајдено во близина на викенд куќа крај стариот пат Охрид-Струга

Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга.

Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.

Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.