Македонија
4. October 2015 - 20:04

Без вода жителите на Маџир Маало

Без снабдување со вода утре од 9 часот и 30 минути ќе бидат корисниците од улицата „Велешка“ во населбата Маџирмаало во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето е поради санирање на појавен уличен дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-80 мм. Прекинот ќе трае до завршувањето на интервенцијата. сст/18:19