Македонија
20. October 2016 - 18:12

Без вода утре делови од општина Центар

Поради дефект на огрлица од Ф-100мм на раскрсницата на ул.„Орце Николов“ со ул.„Коле Неделковски“, без водоснабдување утре од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од истата улица на потегот ул.„Ленинова“ до ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“, како и дел од ул.„Коле Неделковски“ во општина Центар.

Од ЈП Водовод соопштија дека поради промена на вентили по шахти на ул.„Димитрија Чуповски“, без водоснабдување од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат дел од корисниците од блок 4, Полициската станица-Беко и градинката во општина Центар.