Македонија
5. јуни 2018 - 21:33

Без вода утре дел од корисници во Чаир и неколку амбасади

Поради санирање на дефект на затварач од Ф-400 мм., на ул. „Џон Кенеди“, бр.9 А во населба Чаир, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Самоилова“, како и на Американската, Турската и Амбасадата на Албанија во општина Чаир. 

Како што соопшти РЦУК - Скопје по добиеното известување од „ЈП Водовод и Канализација“,  прекинот ќе трае од 08:30 часот до санирање на дефектот.