Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
Со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.
ЈП Водовод и Канализација - Скопје соопштија дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.
- Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода, се наведува во соопштението.
Со реализација на овој проект, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје, ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.„Александар Македонски“ кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.„Хрватска“.
- Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје, посочуваат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје.
Согласно Оперативниот План за реализација на активностите, ЈП Водовод и Канализација -Скопје, превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.
- Во процесот на активности, првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод, со тим од осум екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки