Без струја утре делови од општините Студеничани, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Зелениково
Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Студеничани, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Зелениково.
Прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информираат од РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД.
Без струја од 13:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од селата Студеничани и Морани во општината Студеничани, од 9 до 15 часот корисниците од село Глумово, ПС во село Глумово, Адриус, дел од село Сарај, селата Шишево и Матка и фирмата Бис-Оил во општината Сарај и корисниците од улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савелиќ“, „Питу Гули“ и „Партение Зографски“ во општината Центар.
Од 11 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Сердарот“ и „Иван Хаџиниколов“, подулица 1 во општината Кисела Вода, од 10 до 13 часот, корисниците од улиците „23“, „Октомври“ бр. 42 во општината Аеродром, од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од дел од село Студеничани во општината Студеничани, а од 9.45 до 10.45 часот корисниците од селата во општината Зелениково.
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија