Македонија
18. May 2017 - 13:43

Без струја утре делови од Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај

Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај, информира РЦУК Скопје.

Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Саса“, ул. „Јабланица“, бул. „Борис Трајковски“, како и дел од ул. „1440“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Борис Кидрич“, ул. „Петар Ацеви“ и дел од ул. „Анастас Митрев“ во општините Центар и Кисела Вода.

Без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од објектите во рекреативниот центар „Езеро Треска“ во општина Сарај.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е заради технички зафати.