Македонија
7. February 2018 - 12:41

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош

 Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош, соопшти РЦУК Скопје.
 
Исклучувања на електро системот утре од 8:00 до 12:00 часот ќе има во викенд населбата Веле Поле, во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 14:00 часот на ул.„Киро Фетах -1“ во наелба Драчево, општина Кисела Вода.
 
Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.82 Макпетрол, а од 9:00 до 10:00 часот корисниците од ул. „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош.