-->
-->
Без струја утре делови од Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода
-->
Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.
Како што информираат од РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“, прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од 8 часот до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Гаврил Радомир“ во општина Аеродром, од 8 часот до 15:30 часот корисниците од дел од ул.„Интернационални бригади“ во општина Гази Баба, а од 9 часот до 12 часот, корисниците од ул.„Фуштанска“ до бр. 31 во општина Гази Баба.
Без струја од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Борис Трајковски“ (подулица 32) и дел од с. Усје (до гробиштата) во општина Кисела Вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба