Без струја утре дел од општините Карпош, Студеничани и Илинден
Поради технички зафати во електро-системот на градот Скопје, утре без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Карпош, Студеничани и Илинден.
-Во периодот од 10:00 до 3:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.„Дамаска“, дел од ул.„Букурешка (во близина на школото „Јан Амос Коменски“, школото „Јахја Кемал“ во Општина Карпош, информираат од РЦУК Скопје.
Оттаму велат дека во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците на дел од с.Долно Количании во Општина Студеничани, а во периодот од 08:00 до 15:00 часот корисниците од с.Мралино (корисниците околу влезот на бензинската пумпа во с.Мралино, на влез од автопатот), во близина на ТС Кадино 6, ТС Здравко (приватна ТС), на влезот во Кадино од автопатот во Општина Илинден.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека