Без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од девет до 12 часот, ќе останат дел од корисниците меѓу улицата „Лазар Димитров“ и булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“. Исто така во општина Аеродром, истиот период, без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Горноврановска“.
Во општина Кисела Вода, во периодот од девет до 12:30 часот, струја ќе немаат корисниците од „Ужичка Република“, „Бранко Заревски“, „Иван Хаџиниколов“, „Иван Турењев“, „Чупино Брдо“, „Димитар Гуштанов“, „Живко Фирфов“, „Марија Кири“, објектите на Пожарната, поликлиника „Драчево“ и МВР.
Од девет до 14 часот, во општина Карпош, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Гиго Михајловски“, „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот