Loading Video...
Ракомет
15. January 2020 - 19:37

Без стабилни играчи во големи клубови тешко до посакуваните резултати

Љубителите на ракометот во Македонија се разочарани од настапот на своите миленици на ЕП во Виена. Очекуваа повеќе од Лазаров и другарите но овојпат останавме и без пласман во втората фаза.   На спротивната страна експертите  со став дека самото учество на првенството е успех за нашата репрезентација.

                 Ден по елиминацијата на Македонија од  континенталното првенство  почнаа полека да се сумираат резултатите од настапот на нашите репрезентативци.  Оние најзагреаните во навивачката група упорно се обидуваат да ја лоцираат  вината  за поразите од Чешка и Австрија во ракометарите или во стручниот штаб.

            И Стручните коментатори најдоа бројни забелешки во играта на нашиот тим  и грешки во стручниот штаб.  Но  заклучотот на сите е единствен , македонската репрезентација нема доволно квалитетни замени за оние што заминаа од  националниот тим со годините.  И натаму светла точка се најискусните Кире Лазаров и Стојанче Стоилов, едноставно незаменливи.

            Се огласи и селекторот  Брестовац кој изрази загриженост за иднината на македонскиот ракомет бидејќи поголемиот дел од младите играчи во репрезентацијата немаат доволна минутажа во своите клубови.  Со други зборови време е за поширок фронт кој ќе овозможи подобра селекција и скаутирање на  ракометниот потенцијал па макар и да се пропушти некое првенство.  

            Брестовац е оптимист по последните потези на РФМ: „ Сега фативме  добар ритам. Поставивме еден таков систем каде секоја генерација треба да даде по двајца-тројца ракометари и верувам дека за четири до пет години ќе имаме добра репрезентација. Тоа е реалноста и потребниот минимум.“, заклучи Брестовац.

            Поконкретна слика се очекува да дадат квалификациите за  СП каде Македонија ќе игра два бараж натпревари. 

            Можеби  работите ќе тргнат во посакуваниот правец доколку се најдат причините како земјата на двократниот клупски европски првак не успеа да регрутира квалитетен ракометен потенцијал за безгрижна иднина на најомилениот спорт во Македонија.  Зарем навивачите не го потврдија тоа и во Виена.