Без проблеми се гласа во штипскиот затвор
Без проблеми се одвива гласањето на избирачкото место 2291 А во Затвор Штип. Гласачкото место е отворено во 7:00, а ќе биде затворено во 21:00 часот.
Трајко Јолев, претседател на избирачкото место 2291 А вели дека право на глас имаат 192 осуденици од 40 општини, а до 10:00 часот своето право на глас го искористиле 59 осуденици или 25 отсто од вкупниот број на гласачи на ова избирачко место. Со цел да се задоволат здравствените протоколи просторијата во овој Затвор е променета, па сега се гласа во игротеката за децата на осудениците.
-На ова избирчако место сме веќе петти изборен циклус, досега како избирачки одбор сме немале никакви проблеми, па се надеваме дека така ќе помине и овој пат. Гласањето, како што гледате се одвива според здравствените протоколи, има дистанца, сите влегуваат со маски или ако немаат маски ние им даваме. Дезинфициони средства имаме, рацете се дезинфицираат на самото влегување, но и на излегувањето. Членовите на избирачкиот одбор ги менуваат маските и ракавиците според протоколите што ни ги имаат дадено од ДИК, вели Јолев.
По затворањето на ова избирачко место, гласачките ливчиња во пликоа се испраќаат во општинските изборни комисии, односно градовите или селата каде што осудениците имаат адреса на живеење.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло