Македонија
21. March 2024 - 16:43

Без образовни асистенти во средното образование нема целосна инклузија

Немањето образовни асистенти во средното образование останува еден од главните проблеми за децата со Даунов синдром. Без нив не може да има вистинска инклузија во образованието, велат од здружението Вера од Струмица кое веќе 15 години работи во оваа област.

Токму затоа на меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром тие ги потсетија надлежните дека и овие деца постојат и имаат свои права и потреби и побараа државата што поскоро да го донесе законот за инклузивно средно образование. Велат законот ќе значи многу не само за учениците со Даун, туку и за сите средношколци со посебни образовни потреби вклучени во редовен образовен процес. 

По повод 21 март кој се одбележува како меѓународен ден на лицата со Даунов синдром учениците од струмичката гимназија заедно со нивните професори ги направија броевите 21 и 3 кои ги симболизираат трите копии на 21-от хромозом што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.