Македонија
19. December 2016 - 12:01

Без електрична енергија делови од Карпош, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре од 8 до 12:30 часот ќе останат корисниците од дел од ул. „Ацо Шопов“ кај бр.13 во општина Карпош, а од 9 до 15:30 часот дел од ул. „Партение Зографски“ и дел од ул.„Тодор Александров“ во општина Центар.

РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД соопшти дека во време од 8 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од с. Бардовци околу зградите на Машинац во општина Карпош, од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.„Неврокопска“ и дел од ул.„Чедомир Кантарџиев“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот корисниците од с.Волково под ул.„22“ и ул.„24“ во општина Ѓорче Петров.