Бетел: Од политички причини ве нарекуваме „земјата со главен град Скопје“
Претседателот на Владата на Големото војводство Луксембург, Ксавиер Бетел, синоќа на редовната годишна прес-конференција со делегација на новинари-дописници од Брисел, а која се одржа во неговата држава, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел, откри зошто најголем дел од европските челници и првите луѓе на Европската унија ја ословуваат македонската држава со „Скопје“ наместо со „Република Македонија“ или со целосната референца под која земјата е примена во Обединетите нации.
Говорејќи за мигрантското прашање и дали Унијата ќе побара сместување на подголг рок и на поголем број од емигрантите и во Македонија и останатите не-ЕУ земји на Балканот, премиерот на Луксембург рече: - Не сме имале официјални дискусии за сместување на емигранти во Скопје. Знаете, поради политички причини мораме да велиме „земјата со главен град Скопје“.
Ново на Сител
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен слаб дожд
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба