Македонија
10. August 2024 - 16:43

Беснеат шест активни пожари во Македонија

Шест активни пожари беснеат во земјава. Сите сили и денеска се фокусирани кај Македонски Брод, се гасне со хеликоптери од воздух, а на копно дејствуваат пожарникарите, но и унгарските екипи, кои со теренски возила се пробиваат низ тешко пристапните терени.  

Досега се евакуирале неколку жители од своите куќи во село Брезница.

Пожарот на Галичица и денеска е разгорен.  Во Новаци се зафатени четири села, Полог, Скочивар, Груманци и Сливница, каде гори ниска вегетација.

Критично е и во Кичево, Струга и во Сарај. 

Во изминатото деноноќие имало вкупно 37 пожари, а од нив 29 се изгаснати. Оние во Делчево и на Илинска планина се држат под контрола.