Бесими: Владата останува на проекциите за инфлацијата и растот на БДП предвидени во ребалансот на Буџетот
Владата останува на проекциите за инфлацијата и растот на БДП предвидени во ребалансот на Буџетот, кој е усвоен од страна на Владата и за кој треба да се расправа во Собранието.
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека во однос на пресметките за инфлацијата остануваат на проекциите што се дадени во ребалансот.
-Тоа се раст од 4,1 отсто за БДП и инфлација од 2,1 отсто и што пред сè се должи на раст на очекувањата на инфлацијата во втората половина од годината, која потоа се очекува да се намали и тоа главно се однесува на цените на дериватите на светско ниво, транспротните трошоци и прехранбените производи. Тоа е во рамки на проекциите и тие се ставени во предлог ребалансот на буџетот и остануваме на тие проекции, истакна министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра..
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка