Бизнис
26. May 2022 - 16:33

Бесими тврди - пари за повисоки плати на администрацијата нема - ССМ најавува генерален штрајк

Во буџетот нема пари за повисоки плати на административците. Ниту министерството за финансии преговарало со ССМ, ниту пак е адресата каде треба да се протестира. Ова е одговорот на првиот финансиер Бесими кон Синдикатите кои најавија генерален штрајк, ако не го добијат владиното ветување за зголемување од 2,800 денари од јули, кое им беше дадено почетокот на мај

МФ не е институција која преговара со синдикатите. Нашата задача е во однос на политиките – да се обезбедат финансиски средства, да кажеме колку има фискален простор за одржливи политики за тоа да се исполни. Вчера друг синдикат имал протести пред МФ, но МФ не е адресата. Важно е да знаеме дека во делот на преговори, ние во фаза кога се работеше ребалансот, немаше завршени преговори или решение, не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани, изјави министерот за финансии Бесими.

Министерот е дел од Владата и затоа е неприфатливо неговото оправдување дека лично тој не преговарал, му одговори синдикалниот лидер Димовски. И дадоа рок на Владата – до утре да ги викне на состанок, во спритвно, од понеделник стапуваат во генерален штрајк.

 Ние преговаравме со владиниот тим кој беше избран за преговори , кој јасни ни вети дека ќе има зголемување мна платите од 2,800 денари од јули, како и регрес за годишен одмор од следната година,изјави Дарко Димовси.

Инаку во предлог ребалансот на буџетот предвидени се пари за повисоки плати на вработените во  образованието, МВР, здравството, јавното обвинителство, судството,. Најмногу пари, 60 милиони евра се скратени од капиталните проекти, односно од министерството за транспорт и врски, а најмногу добива министерството за труд – дополнителни 60 милиони, како и Владата, 80 милиони евра.   Пари се бараат од ММФ, која деновиве треба да соопшти колку ќе ни позајми  ,а ќе се задолжуваме и на домашниот пазар и со издавање еврообврзница.