Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата
Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во одговор на новинарско прашање, Бесими, не сакаше да калкулира со бројки, посочувајќи дека тоа ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика.
– Во однос на цената на електричната енергија и имаме дадено на ЕСМ скоро пет милијарди за обезбедување на дополнителни ресурси за производство на електрична енергија или снабдување со електрична енергија за регулираниот пазар. Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече Бесими по промоцијата на новата кампања „Внеси боја во сивата економија“.
Во однос на инфлацијата, рече дека од втората половина на следната година не се очекува да продолжи трендот на раст на цените на глобалниот и на домашниот пазар.
– Ги следиме анализите на светско ниво каде се очекува инфлацијата да се стабилизира во втората половина на годината и нашите проекции се инфлацијата за наредна година да е 2,4 проценти, а од 2023 година да биде стабилизирана на два проценат. 2020 година ја завршуваме со инфлација од три проценти, рече Бесими.
Замрзнување на цените на основните прехранбени производи, според Бесими, треба да се гледа како времена мерка, а во однос на предлогот да се замрзне маржата, рече дека во зависност од потребите што ќе се појават, ќе се дизајнираат мерките.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка