Бизнис
2. February 2023 - 16:40

Бесими не се откажува од покачувањето на платите, деталите ќе се утврдуваат со нови законски измени

Вработените во финансии сепак ќе добијат повисоки плати. Но, кои сектори и за колкав процент ќе се знае откако ќе се допрецизираат законите за буџети и за систем на плати во јавниот сектор. 

Министерот Бесими вели дека не се откажува од сопствената иницијатива, вработените во министерството да бидат вреднувани како и останатите сектори кои изминатиот период добија покачувања.

Вчерашниот протест на вработението во Министерството за финансии, Бесими вели дека е резултат на недоразбирање. Решенијата се повлечени по консултација со правници и не е прекршен законот за буџети како што тврди синдикатот на УПОЗ. 

Бесими останува на ставот дека Министерството за финансии од година во година се празни поради платите кои се двојно пониски од останатите сектори и дека овој проблем мора да се надмине.