Македонија
5. February 2016 - 8:14

Бесими на дебата со младински организации

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска организира дебата со младински организации на тема „Младите - креатори на европските вредности во Македонија“. 

Дискусијата е во рамки на проектот „ЕУ Разговори“, а ќе ја води заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

Ќе учествуваат младинските организации регистрирани на повикот на СЕП, „Отворено со граѓанскиот сектор“.