Бизнис
16. September 2020 - 16:51

Бесими: Буџетот е стабилен, но состојбата е сериозна

Ситуацијата е серизона, но буџетот засега е стабилен. Корона кризата ја турна економијата во бездна, падот од речиси 13% во 2 квартал е драматичен, наплатата на приходи паѓа, јавниот долг расте. Но, новиот министер за финансии Бесими, уверува – ќе се преземат сите неопходни мерки, навреме да се реагира. Приорет ќе биде заштита на ранливите категории граѓани, подобривање на ликвидноста на фирмите и зачувување на работните места. 4 пакет мерки ќе биде насочен  токму кон тоа. Колку ќе чини – според Бесими – се уште е рано да се каже. Ако е потребно, ќе има ново задолжување.

Сега подготвуваме четврти сет мерки и за да најдеме доволно средства за негово финасирање ќе гледаме каде има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се се дефинира сетот на мерки – рече Бесими.

Дел од мерките од новиот пакет  ќе бидат стари – оние кои веќе дале  резултати, дел нови. Ќе бидат објавени почетокот на наредната недела. После тоа, најверојатно ќе се прекројува државната каса. Вториот по ред ребаланс ќе ги скрати сите непродокутивни трошења.

Заклучно со 15 септември потрошени се 69% од  буџетски пари, а на приходната старна има 65,5% од планираните средства. Реализациајта на капитални инвестиции изнесува 41,2%.