Берлускони подготвен за формирање влада на десниот центар
Поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативната партија Форца Италија (ФИ), Силвио Белускони вечерва соопшти дека е подготвен да учествува во формирањето на нова влада на Италија на коалицијата на десниот центар.
Ваквата изјава Берлускони ја даде по средбата со лидерот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Матео Салвини, која заедно со неговата ФИ и уште две други партии беше дел од десноцентристичката коалиција на вчерашните парламентарни избори.
Берлускони до 2019 година има забрана за извршување на премиеската функција, затоа што е осуден за даночни затајувања, па уште минатата недела за кандидат за премиер на ФИ го предложи актуелниот претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
Меѓутоа, согласно меѓукоалицскиот предизборен договор, во случај на победа на десноцентристичлката коалиција на изборите, кандидатот за премиер треба да го номинира партијата меѓу членките на блокот што ќе освои најмногу гласови.
На вчерашните избори Лигата на Салвини освои 17,4 отсто од гласовите, ФИ 14,03, а другите две партии во коалицијата - националистичката Браќа на Италија и демохристијанскиот блок Ние за Италија (НЦИ) освоија 4,35, односно 1,31 проценти од гласовите.
Десноцентристичката коалиција предводена од Лигата и ФИ вкупно освои 37 проценти од гласовите и ќе биде најголем блок во Парламнетот, но нема мнозинство за самостојно формирање влада.
Најбројна партија во Парламентот ќе биде антиинституцианалното популистичко Движење Пет Ѕвезди (М5С), кое освои 32,67 отсто од гласовите, а трета по големина ќе биде коалицијата на левиот центар предводена од Демократската партија (ПД) со освоени 22,85 проценти.
Лидерот на ПД, Матео Ренци, кој по вчерашниот изборен пораз денеска поднесе оставка на лидерксата функција, најави дека коалицијата на левиот центар има намера да биде опозиција во новиот Парламент и не планира да учествува во идната Влада.
Доколку ПД остане на ваквиот став, единствена можност на десноцентристичкиот блок за формирање мнозинска влада е коалиција со М5С.
Извори во Брисел уште пред изборите најавуваа дека европските лидери вршат притисок врз Ренци и Берлускони за формирање постизборна проевроспка „голема коалиција“ од која би биле исклучени евроскпетичните и антиимигрантски партии.
Ново на Сител
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи