-->
-->
Берлинското дерби за Херта
-->
Првиот меч од 27. коло во германската Бундеслига, единствената топ 5 лига која се врати во акција, се „разгоре“ во второто полувреме, за Херта со 4:0 да го „прегази“ малиот градски ривал Унион.
По првото полувреме без голови, Херта бргу го реши победникот на дербито кое обично носи бучна публика и жестоки дуели, откако за една минута постигна два гола, прво преку Ведад Ибишевиќ во 51. минута, а веднаш потоа преку Доди Лукебакио. Матеуш Куња во 61. минута зголеми на 3:0, за Дедрик Бојата во 77. минута да ги постави конечните 4:0.
Со победата, Херта се искачи на 10. место на табелата со 34 поени, додека Унион останува на 12. место со 30 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател