Берлинската полиција истражува направа фрлена врз зграда со руски новинари
Инспектори и обвинители од Берлин денеска го истражуваат уредот пронајден и уништен во една станбена зграда во која живееле новинари од руската новинска агенција РИА, во градот Штеглиц, соопшти германската полиција.
-Уредот е пронајден вчера и истражителите сега проучуваат колку тој бил опасен и која била целта на нападот, изјави портпаролот на берлинската полиција.
Тој додаде дека во текот на денот ќе бидат дадени нови информации за нстанот.
Руската амбасада во Берлин соопшти дека вчеравечер било фрлено шише низ прозорец од зградата и дека е пронајдена импровизирана бомба, идентификувана и деактивирана од германски деминери.
Руската агенција РИА соопшти дека во зградата живееле нејзини новинари.
Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика германските власти и другите земји од ЕУ и НАТО да преземат чекори за заштита на руските новинари и нивните семејства во странство.
„Сметаме дека ова е директна последица на малтретирањето на руските медиуми и нивните вработени на Запад“, се наведува во соопштението.
„Политизираната одлука да се исфрлат руските медиуми од етерот во Европската унија претходеше на нивното физичко заплашување, сè до нивната елиминација. Руските медиуми РТ и Спутник беа забранети во ЕУ на 2 март.
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето