Свет
29. May 2017 - 14:45

Берлин свикува нова средба на „Групата Нормандија“

Германија организира нов обид да се дојде до траен мир во Украина, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за надворшени работи, Мартин Шефер.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, работната средба на замениците шефови на дипломатиите на Германија, Франција , Русија и Украина ќе се одржи на утре во Берлин.

- Продолжуваме со интензивната соработка во врска со „Процесот од Минск“ и во рамки на „Групата Нормандија“ со цел да се изнајде мирно решение за конфликтот во источна Украина. Затоа утре во Берлин ги поканивме замениците министри за надворешни работи на „Групата Нормандија“, изјави денеска Шефер.

Со посредство на Германија и Франција во рамки на „Групата Нормандија“, која за прв пат во овој формат се сретна на одбележувањето на 70-годиншнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија, меѓународната заедница прави напор за прекин на огнот во источна Украина.

Предходните два договори, потпишани во главниот град на Белорусија, Минкс, досега не придонесоа за целосно завршување на конфликтот.