Берлин: Најмалку 17 терористи на ИД влегле во Европа како бегалци
Најмалку 17 припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) влегле на територијата на Европа претставувајќи се како бегалци, откри шефот на Германската контраразузнавачка агенција (БФВ), Ханс Георг Маасен.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Маасен вели дека најголем дел од нив се „или в затвор или се загинати“,
Дел од членовите на ИД загинале за време на терористичкиот напад во Париз, открива Маасен, кој на почетокот на годинава во интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека џихадистичката група уфрла терористи во Европа маскирани како бегалци и дека секој бегалец може да биде опасен по европската безбедност.
Според иѕвештајот на неговата агенција, објавен минатата недела, Европа се соочува со нова димензија на исламски тероризам и дека мора да се предвиди дека ИД планира понатамошни напади на цели во ЕУ, вклучително и во Германија.
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари