Берлин: Изборите во Британија нема да ги одложат преговорите за Брегзит
Планираните предвремени парламентарни избори во Велика Британија, за кои се заложи премиерката Тереза Меј, нема да ги одложат преговорите за повлекување на таа земја од Европската унија, изјавија денеска претставници на Владата на германската канцеларка Ангела Меркел.
- Германската Влада не очекува дека изборите ќе влијаат врз процесот на преговарање со Велика Британија по прашањето за напуштање на ЕУ, изјави портпаролката на германската Влада, Урлике Демер.
Таа додаде, не изнесувајќи детали, дека Меркел и Меј вчера разговарале по телефон.
Меј оцени дека со одржување на вонредните парламентарни избори на 8 јуни оваа година, наместо во 2020 година, би се избегнала ситуацијата во која земјата истовремено би се соочила со избори и клучни делови од преговорите.
Ново на Сител
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание