Свет
11. July 2017 - 20:26

Берлин бара помош од партнерите од ЕУ за идентификување на демонстрантите во Хамбург

Германските власти побараа и другите членки на ЕУ да се вклучат во идентификацијата на насилните демонстранти кои предизвикаа хаос и огромни штети за време на Самитот на Г-20 во Хамбург.

- Се анализираат многу фотографии и видеа во моментов со цел да се најдат насилниците. Во оваа операција потребна ни е помош од странските партнери, пишува во писмото што германскиот министер за правда Хајко Мас го испрати до своите европски колеги.

Во писмото Мас бара партнерите од ЕУ да ги забрзаат прекуграничните соработки за да се спречи наредниот самит повторно да биде место на хаос.

Досега полицијата во Хамбург уапси 51 демонстрант од осум различни земји.