Бериша: Договорот за влада во Косово,фатален удар за тројката предавници од Белград, Тирана и Приштина
„Постигнатиот договор е доказ за конструктивната волја на партиите да ја почитуваат изборната пресуда на граѓаните на Косово и да им ја дадат владата за која гласаа.Тој е нов обид да му се даде на Косово влада на развој и иднината што ја заслужува “,напиша Бериша на Фејсбук.
При тоа оценува дека договорот е фатален удар за тројката предавници – аргати од Белград, од Тирана и од Приштина.
– Договорот е фатален удар за предавничката тројка -аргати од Белград, Тирана и Приштина; Есад Топтани Новиот, Миладин Албанец и Батон Станишиќ, на нивните антиалбански напори за поделба на Косово и конечно создавање на Голема Србија како Нова Југославија,напиша Бериша, алудрајќи на српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој од се срце им честита на претседателите на политичките сили, Курти и Мустафа за договорот потпишан во „најдобар интерес на Косово и неговите граѓани“.
Претходно, договорот за формирање косовска Влада го поздрави официјална Тирана како и албанската опозиција, оценувајќи дека тоа е чин на политичка искреност и зрелост на јасна визија на лидерите Албин Курти и Иса Мустафа, дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот и посакаа што е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите