Бензински пумпи затајувале данок, УЈП ќе ги објави во јавност по празниците
По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава.
- Денеска до полноќ треба да завршиме со попис во една бензинска пумпа. Оди малку потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од Регионалната дирекција на УЈП во Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за една посебна мрежа, но и за три познати бензински пумпи од различни региони од државата по што по завршување на пописот и по празниците ќе дадеме соодветно известување, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал