Бензините поскапуваат за половина, дизелот за денар
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половна денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,32, односно за 1,56 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 64,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 денари за литар.
За 0,221 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 20,122 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,45 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,595 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред